Изберете јазик 

Временска прогноза 

Посетители 

170781
Денес
Вчера
Оваа недела
Претходната недела
Овој месец
Претходниот месец
Сите денови
19
32
189
169325
992
1645
170781
Your IP: 54.196.72.162
Server Time: 2017-10-19 08:50:06
Грешка
  • Cannot retrive forecast data in module "mod_sp_weather".

Реализирани настани

14-16 Септември 2017

Трета Меѓународна конференција „КВАЛИТЕТ И КОМПЕТЕНТНОСТ 2017“

Во организација на МАКЛАБ и ИАРМ од 14-16 Септември 2017 г. во хотел Силекс, Охрид се одржа Третата меѓународна конференција „КВАЛИТЕТ И КОМПЕТЕНТНОСТ 2017„. На учесниците на конференцијата успешна и плодна работа им посакаа претседателката на МАКЛАБ, М-р Магдалена Трајковска Трпевска, директорот на ИАРМ Д-р Трпе Ристоски, претседателот на ЕУРОЛАБ г-н Алваро Силва Рибеиро и претседателот на Кролаб г-н Давор Звиздич. Конференцијата официјално беше прогласена за отворена од страна на заменик министерот за животна средина и просторно планирање, г-н Јани Макрадули.
Во текот на конференцијата беа презентирани вкупно 30 авторски трудови од кои 17 преку усни презентации и 13 со постери. Презентираните трудови беа исклучително квалитетни и истите предизвикаа голем интерес кај учесниците на конференцијата. Во рамките на конференцијата се одржа и регионална средба на националните тела за акредитација.                             
Третата меѓународна конференција Квалитет и компетентност 2017 беше домаќин на 97 учесници од Р. Македонија, Србија, Хрватска, Португалија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Турција и Албанија.

2 2

2 2

2 2

2 2

2 2

2 2

2 2

2 2

2 2

2 2

2 2

2 2

2 2

2 2

2 2

 

17-19 Септември 2015

Втора Меѓународна конференција „КВАЛИТЕТ И КОМПЕТЕНТНОСТ 2015“

Во организација на МАКЛАБ и ИАРМ од 17-19 Септември 2015 г. во хотел Метропол, Охрид се одржа Втората меѓународна конференција „КВАЛИТЕТ И КОМПЕТЕНТНОСТ 2015„.На учесниците на конференцијата успешна и плодна работа им посакаа претседателката на МАКЛАБ, М-р Магдалена Трајковска Трпевска, директорот на ИАРМ Д-р Трпе Ристоски и претседателот на Кролаб г-н Давор Звиздич. Конференцијата официјално беше прогласена за отворена од страна на заменик министерот за животна средина и просторно планирање, г-н Стево Темелковски. Успешноста на конференцијата најмногу се отсликува во фактот дека истата беше посетена од страна на 120 учесници од Р. Македонија, Русија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија, Турција, Косово и Албанија.

 

sl.1 sl.2
3 sl.4
sl.5sl.6
sl.7sl.8
sl.9sl.10
sl.11sl.12
sl.13sl.14
sl.15sl.16
sl.17sl.18
19sl.20

Јули 2015

Еднодневна обука на тема „ Верификација и валидација на методите во лабораториите за тестирање, калибрација и медицинските лаборатории и пресметка и примена на мерната неодреденост “

На 07.07.2015 година во хотел Континентал МАКЛАБ организираше обука на тема „Верификација и валидација на методите во лабораториите за тестирање, калибрација и медицинските лаборатории и пресметка и примена на мерната неодреденост “. Како предавачи на обуката беа ангажирани експерти oд Институтот за акредитација на Република Македонија и од Бирото за метрологија. Оваа обука предизвика огромен интерес помеѓу македонските лабораториите за тестирање, калибрација и медицинските лаборатории. Со тоа уште еднаш се потврди потребата од константно надоградување на знаењата од областа на имплементација на системите за квалитет особено во делот за верификација и валидација на методите кој е од исклучителна важност за ефективни и компетентни тестирања и калибрации.

12

3Sl. 4

Sl. 5Sl. 6

Sl. 7Sl. 8

Sl. 9Sl. 10

Sl. 11Sl. 12

Sl. 13Sl.14

Sl.15Sl.16

Sl.17Sl.18

Sl.19Sl.20

Sl.21sL.22

sL.23Sl.24

Sl.25Sl.26

Sl.27Sl.28

Sl.29Sl.30

Sl.31Sl.32

Sl.33Sl.34

 

 

Февруари 2015

Годишно собрание на МАКЛАБ

Согласно својата програма за работа, Здружението МАКЛАБ на 25 февруари 2015 година го одржа своето редовно годишно собрание. На собранието на Маклаб присуствуваше и Директорот на ИАРМ, г-н Трпе Ристоски која уште еднаш ја искажа подршката за работата на МАКЛАБ. Собранието го отвори претседателот на МАКЛАБ, М-р Магдалена Трајковска Трпевска која ги запозна присутните со работата и активностите на МАКЛАБ во 2014 година. Притоа особено беше истакнато дека МАКЛАБ успешно ги оствари програмските задачи  за 2014 година со особен акцент на организираните обуки во 2014 година и активностите за промоција на здружението на национален и интернационален план. Исто така во 2014 година беше продолжена активната соработка со ЕУРОЛАБ.

sl. 1sl. 2
sl.3sl. 4
sl. 5sl. 6

Декември 2014

Дводневна обука на тема: „Интерни оценувачи по стандардите
МКС EN ISO/IEC 17025:2006 и МКС EN ISO/IEC 19011:2012“

На 3 и 4 Декември 2014 во организација на МАКЛАБ се одржа обука на тема „Интерни оценувачи по стандардите МКС EN ISO/IEC 17025:2006 и МКС EN ISO/IEC 19011:2012“. Обуката предизвика големо внимание кај лабораториите во Република Македонија особено поради фактот за важноста на интерните проверки при секој циклус на акредитација.  Предавачи на обуката беа претставници од Институтот за Акредитација на Република Македонија. Во текот на обуката слушателите имаа можност да се стекнат со знаења кои ќе им овозможат самостојно или во тим да спроведат интерна проверка, вклучувајќи идентификација на неусогласености, превземање на корективни мерки и идентификација на системските можности за подобрување.

sl1sl2
sl4sl3

 

Декември 2014

Дводневна обука на тема „Интерни оценувачи по стандардите
МКС EN ISO/IEC 17020:2012 и МКС EN ISO/IEC 19011:2012“

Македонското Здружение на Лаборатории и Инспекциски Тела – МАКЛАБ на 16 и 17 декември 2014 година во Хотел ВИП Скопје организираше дводневна обука на тема „Интерни оценувачи по стандардите МКС EN/ISO 17020:2012 и МКС EN/ISO/IEC 19011: 2012“. Обуката првенствено беше наменета за идните интерни проверувачи од инспекциските тела кои се акредитирани по стандардот МКС EN/ISO 17020:2012 или планираат да се акредитираат, за постоечките интерни проверувачи кои сакаат дополнително да го унапредат своето знаење, но и сите оние кои сакаат подетално да се запознаат со барањата на стандардот МКС EN/ISO 17020:2012  и со процесот на интерна проверка.
Покажаниот голем интерес за оваа обука е најзначаен показател за потребата од организирање на ваков тип на обуки и работилници со цел подигање на нивото на компетентност на лабораториите и инспекциските тела.

sl1sl2
sl3 sl4
sl5sl6

 

Октомври 2014

Учество на Конгресот на хемичари и технолози на РМ

Во период од 08 до 11 Октомври, МАКЛАБ учествуваше на Конгресот на хемичари и технолози на РМ, кој се одржа во Хотел Метропол Охрид.
Овој научен собир беше искористен како уште една одлична можност за промоција на Здружението помеѓу научната јавност во Република Македонија.

sl1sl2

 

17 Јуни 2014 год

Обука “„CE-означувањето како предуслов за слободно движење на производите во ЕУ“

На 17 Јуни 2014 год.., Македонското Здружение на Лаборатории и Инспекциски тела, организираше еднодневна обука на тема „CE-означувањето како предуслов за слободно движење на производите во ЕУ“

Предавачи на обуката беа г-н Трпе Ристовски – Директор на ИАРМ, г-н Драган Велевски – Раководител на одделението за акредитација на лаборатории за тестирање и Билјана Додевска Стојановска – Државен советник за евро-интеграции и меѓународна соработка при Министерството за економија на РМ. Обуката како и досега беше организирана по принципот на тренинг курс при што учсниците преку предавањата имаа можност да стекнат нови и да ги унапредат своите дотогашни познавања поврзани со СЕ - означувањето на производите, политиките и целите.

На оваа обука земаа учество претставници од градежната индустрија, електро индустријата како и претставници од факултетите во Република Македонија, што е доволен показател за потребата од организација на ваков вид на обуки.
Позитивната евалуација на обуката од страна на учесниците претставува поттик за МАКЛАБ во насока на остварување на дел од своите стратешки цели а тоа е организација на стручни советувања, семинари, предавања и обуки поврзани со примена на системи за унапредување на квалитетот како и меѓусебно известување, размена на искуства и дружење.

               DSCN7363DSCN7368
               DSCN7369DSCN7380
               DSCN7383DSCN7384
               DSCN7388
               DSCN7392DSCN7399


Јуни 2014

Одбележан ,,Светскиот ден на акредитацијата”

 На покана на Институтот за акредитација на Република Македонија, Претседателот на македонското здружение на лаборатории и инспекциски тела - МАКЛАБ, Мр. Магдалена Трајковска-Трпевска, присуствуваше на одбележувањето на  Светскиот ден на акредитацијата 09 јуни .
На нaстанот поздравни обраќања имаа:
- г-дин Спиро Ристовски, министер за образование и наука во ВладатанаРепубликаМакедонија.
- м-р Дејан Бошковски, генерален директор на АД ,,Електрани на Македонија”,
- м-р БорчеРазмоски, ПретседателнаСоветотна ИАРМи
- д-рТрпеРистоски, директорна ИАРМ.
    Со овогодинешната тема на меѓународниот ден на акредитација, ,,Акредитацијата: Обезбедување на доверба во снабдувањето со енергија“ се  нагласува значењето и улогата на акредитацијата како и потребата за смалување на емисијата на гасови и потребата за воведување мерки во областа на енергетската ефикасност.
На настанот присуствуваа бројни гости, соработници, претставници на телата за оцена на сообразност, како и претставници од електроенергетскиот сектор и научно-образовните институции.
Во рамките на свеченоста бeа промовирани Годишниот извештај за работата на ИАРМ за 2013 година, наменска брошура на тематика на годинешното мото и видео материјалот за работата на Институтот.

                       fotografija fotografija2 fotografija4 
                       fotografija5IMG 4002
                       IMG 4289IMG 4325


24 и 25 Април 2014 год.

Обука “Подготовка за акредитација на лаборатории по стандардот МКС EN ISO\IEC 17025:2006”

На 24 и 25 Април 2014 год., Македонското Здружение на Лаборатории и Инспекциски тела, организираше дводневна обука на тема “Подготовка за акредитација на лаборатории по стандардот МКС EN ИСО/ИЕЦ 17025:2006.

Предавачи на обуката беа г-н Трпе Ристовски – Директор на ИАРМ, г-н Драган Велевски – Рководител на одделението за акредитација на лаборатории за тестирање и ѓ-а Анита Талаја борота – Раководител на одделение за акредитација на лаборатории за тестирање.
Обуката како и досега беше организирана по принципот на тренинг курс при што учсниците преку предавања, вежби и размена на искуства стекнаа нови и ги унапредија своите дотогашни познавања поврзани за стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2006.

На оваа обука земаа ушество 23 учсници од лабораториите за тестирање и калибрација од повеќе области што е доволен показател за потребата од организацијата на ваков вид на обуки.
Позитивната евалуација на обуката од страна на учесниците претставува поттик за МАКЛАБ во насока на остварување на своите стратеши цели а тоа е унапредување на копетентноста и квалитетот на лабораториите и и нспекциските тела во РМ.

Sliki obuki april 17025 020Sliki obuki april 17025 023
Sliki obuki april 17025 025Sliki obuki april 17025 038
Sliki obuki april 17025 042Sliki obuki april 17025 056
Sliki obuki april 17025 060Sliki obuki april 17025 061
Sliki obuki april 17025 094Sliki obuki april 17025 095
Sliki obuki april 17025 104Sliki obuki april 17025 108
Sliki obuki april 17025 115Sliki obuki april 17025 117
Sliki obuki april 17025 118Sliki obuki april 17025 140

08 и 09 Април 2014 год.

Обука “Управување со документација и компетентност на персоналот во медицински лаборатории согласно МКС EN ISO 15189:2013 и Национални барања за акредитација на медицински лаборатории“


Согласно предвидената програма за работа во 2014 година, Македонското Здружение на Лаборатории и Инспекциски тела, организираше дводневна обука на тема“"Управување со документација и компетентност на персоналот во медицински лаборатории согласно
МКС EN ISO 15189:2013 и Национални барања за акредитација на медицински лаборатории“

Обуката предизвика голем интерес кај медицинските лаборатории во состав на Клиничките центри во Скопје, Битола и  Штип, како и кај лабораториите во состав на приватните клиники.

Предавачи на обуката беа г-н Трпе Ристовски – Директор на ИАРМ, ѓ-а Анита Талаја Борота – Раководител на одделение за акредитација на лаборатории за тестирање и Лирим Исахи – претставник на Министерството за здравсто на РМ.
Позитивната евалуација на обуката од страна на учесниците претставува потврда за подршката која здружението ја дава во процесот на акредитацијата на медицинските лаборатории во РМ.

Obuki 15189 april 2014 004Obuki 15189 april 2014 005
Obuki 15189 april 2014 0119Obuki 15189 april 2014 013
Obuki 15189 april 2014 018Obuki 15189 april 2014 024
Obuki 15189 april 2014 025Obuki 15189 april 2014 030
Obuki 15189 april 2014 040Obuki 15189 april 2014 045

Февруари, 2014

Годишно собрание на МАКЛАБ за 2014 година
На 12 февруари 2014 година Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ го одржа своето редовно годишно собрание за 2014 година. Во присуство на претставниците на членките на МАКЛАБ и претставници од ИАРМ, Претседателот М-р Магдалена Трајковска Трпевска ги презентираше активностите на Маклаб во 2013 година кои беа оценети како исклучително успешни од страна на присутните. Исто така беа презентирани и усвоени програмата за работа за 2014 година и планот за реализација на предвидените активности во 2014 година.

sobranie 1 sobranie 2
sobranie 3 sobranie 4
sobranie 5
sobranie 6
sobranie 7sobranie 8


Ноември, 2013

Обука за Примена на меѓународниот стандард MKC ISO 15189:2010 – акредитација на медицински лаборатории

Во рамките на својата програма за работа за 2014 година, Здружението МАКЛАБ на 12 и 13 ноември 2013 год. организираше обука на тема “Примена на меѓународниот стандард MKC ISO 15189:2010 – акредитација на медицински лаборатории“. Оваа обука предизвика голем интерес кај медицинските лаборатории и на истата присутвуваа 40-тина слушатели од лабораториите во состав на клиничките центри во Скопје, Тетово и Битола, лабораториите при медицинскиот факултет во Скопје, лабораторијата на МАНУ, лабораториите во состав на приватните клиники и други. Истата од страна на учесниците беше оценета како успешен чекор во насока на отпочнување на процесот за акредитација на медицинските лаборатории во РМ.

slika 1slika 2
slika 3slika 4
slika 5slika 6
slika 7slika 8
slika 9slika 10
slika 11slika 12

Ноември, 2013

Учество на меѓународната конференција „КОМПЕТЕНТНОСТ НА ЛАБОРАТОРИИ 2013„ Опатија, Република Хрватска

Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ во насока на промовирање на работата на здружението во регионот и пошироко учествуваше на Деветтата меѓународна конференција „Компетентност на лаборатории 2013„ која се одржа во Опатија, Република Хрватска од 6-9 ноември 2013 година. Во рамките на оваа конференција беше одржана и работилница наменета за регионалните здруженија на телата за оцена на сообразност на која присуствуваа претставници од национални здруженија, министерства и тела за акредитација од регионот. На оваа работилница, на која на покана на г-н Дејвид Норис, водител на проектот „Инфраструктурата за квалитет во земјите од Западен Балкан и Турција„ , претседателот на МАКЛАБ, м-р Магдалена Трајковска Трпевска одржа презентација со која го промовираше здружението пред присутните од земјите од регионот. Исто така на работилницата беа разгледувани и можности за формирање на регионална асоцијација на национални здруженија на тела за оцена на сообразноста која беше подржана од страна на присутните.
slika 1slika 2
slika 3slika 4
slika 5slika 6
slika 7slika 8
slika 9slika 9
slika 11



Јули, 2013

Обука за Примена на меѓународниот стандард MKC EN ISO/IEC 17025:2006

Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ, согласно својата програма за работа во 2013, организираше дводневна обука за примена на меѓународниот стандард MKC EN ISO/IEC 17025:2006. Обуката се одржа на 4-ти и 5-ти Јули 2013 година во просториите на ИАРМ. Обуката ја посетуваа слушатели од голем број на лаборатории од различни области. Во текот на обуката слушателите преку интерактивна дискусија со предавачите  имаа можност да ги надградат своите знаења во однос на стандардот MKC EN ISO/IEC 17025:2006. Исто така составен дел на обуката беа и вежбите поврзани со реални ситуациии при имплементција на MKC EN ISO/IEC 17025:2006 кои значително им помогнаа на слушателите при разрешување на нивните дилеми и прашања во однос на овој стандард.

   1  2

   3  4

   5  6

   7  8

   9  9

   10  11

   12  13

                   15  16  17 

                                    18  19

 

Јуни, 2013

Меѓународна конференција „КВАЛИТЕТ И КОМПЕТЕНТНОСТ 2013„

Меѓународната конференција “Квалитет и компетентност 2013“ во организација на Македонското здружение на лаборатории и инспекциски тела МАКЛАБ и Институтот за акредитација на Република Македонија се одржа од 13-15 јуни 2013 година, во хотел Метропол во Охрид. Оваа конференција се организираше со цел развој и унапредување на квалитетот и компетентноста на лабораториите и инспекциските тела во Република Македонија преку презентирање на сопствените искуства и разменување на искуства со лабораториите, инспекциските тела и институциите за квалитет од регионот и пошироко.
Конференцијата „Квалитет и компетентност 2013“ започна со свечениот коктел за добредојде на 13 јуни 2013 година.  На свечениот коктел присутните беа поздравени од страна на претседателот на МАКЛАБ, м-р Магдалена Трајковска Трпевска, и директорот на ИАРМ, д-р Трпе Ристоски кои притоа го истакнаа значењето на конференцијата како можност за разменување на искуства и идеи во насока на унапредување на квалитетот и компетентноста во сите аспекти.

         

Работниот дел на конференцијата “КВАЛИТЕТ И КОМПЕТЕНТНОСТ 2013„ започна  на 14 јуни 2013.
Во име на Македонското здружение на лаборатории и инспекциски тела МАКЛАБ, конференцијата за отворена ја прогласи претседателката на МАКЛАБ, м-р Магдалена Трајковска Трпевска.

             04   

Во своето обраќање до учесниците , претседателката на МАКЛАБ ги истакна целите на конференцијата и тоа:
- Развивање и потик на можности за соработка меѓу лаборатории и инспекциски тела на национално и интернационално ниво
- Истакнување на потребата од континуирано задоволување на техничките и организационите барања на системите за квалитет со кои се изразува компетентноста на лабораториите
- овозможување на корисни стручни предавања од страна на компетентни автори.
Исто така беше истакнато дека оваа конференција претставува одлична можност за дружење помеѓу учесниците со цел размена на искуства и акцептирање на нови информации за квалитетот и компетентноста.

               4  6 

Поздравно обраќање на отварањето на конференцијата “КВАЛИТЕТ И КОМПЕТЕНТНОСТ 2013„ имаше и заменик министерот за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, г-н Стево Темелковски. На отварањето на конференцијата “КВАЛИТЕТ И КОМПЕТЕНТНОСТ 2013„ свое обраќање имаа и г-н Јири Собола, претседател на Европската федерација на национални асоцијации на лаборатории ЕУРОЛАБ, г-н Борче Размоски – претседател на советот на ИАРМ, г-ѓа Штефица Церјан Стефановиќ-претседател на КРОЛАБ , г-н Ранко Николиќ – директор на акредитацикото тело на Црна Гора и г-ѓа Јасна Стојановиќ – директор на акредитациското тело на Србија.
На конференцијата “Квалитет и компетентност 2013“ учествуваа повеќе од 90 учесници кои во текот на конференцијата го искажаа својот заеднички интерес за тематските целини на конференцијата и споделувањето на индивидуалните искуства за заедничките теми и проблеми. Особено радува фактот што на оваа прва конференција во Македонија посветена на квалитетот и компетентноста имавше голем број учесници како од Р. Македонија, така и од Србија, Хрватска, Бугарија, Црна Гора, Турција и секако претседателот на ЕУРОЛАБ,  г-н Јири Собола кој доаѓа од Чешка.

                       7  8

Учесниците на конференцијата покажаа голем интерес во текот на работните сесии на конференцијата вклучително и во текот на регионалната средба на националните тела за акредитација. Елаборираните теми во секоја од тематските целини предизвикуваа исклучително интересни прашања и дискусии кои дополнително придонесоа за ефективноста на конференцијата.

                        9  10

Исто така во рамките на конференцијата беше организирана туристичка прошетка низ Охридското езеро со брод и посета на Охрид со која на учесниците на конференцијата им беше овозможено да се запознаат и да уживаат во природните убавини на Охридското езеро и Охрид.
Со организацијата на оваа конференција,  МАКЛАБ заедно со ИАРМ,  како нејзини организатори значително допринесоа кон промовирањето на квалитетот како значаен фактор за развој на економијата. МАКЛАБ како здружение на лаборатории и инспекциски тела, преку организација на ваков тип на стручни средби отворени за целокупната јавност, има за цел да ја истакне вистинската улога на лабораториите и инспекциските тела на домашниот и светскиот пазар на услуги и производи.

 

Април, 2013

 

Здружението МАКЛАБ го одржа Годишното собрание за 2013 година

 На 22.04.2013 година МАКЛАБ го одржа Годишното собрание за 2013 година. Извештајот за работата на МАКЛАБ за 2012 година и Програмата за работа за 2013 година беа презентирани од страна на Претседателот М-р Магдалена Трајковска Трпевска и истите беа усвоени од страна на Собранието. Исто така претставниците на членките на МАКЛАБ беа запознаени со активностиоте кои се превземаат за организација на Меѓународната конференција „КВАЛИТЕТ И КОМПЕТЕНТНОСТ 2013“.

 Slika 1Slika 2Slika 3 Slika 4 Slika 5

 

Април, 2013

 

МАКЛАБ стана членка на Европската Федерација на Националните Асоцијации на Лаборатории ЕУРОЛАБ

Како резултат на повеќемесечната интензивна комуникација со Секретаријатот на ЕУРОЛАБ,  Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ во месец Април 2013 година доби покана да стане член на Европската Федерација на Националните Асоцијации на Лаборатории.

Приемот на МАКЛАБ во ЕУРОЛАБ беше направен во рамките на Генералното собрание на ЕУРОЛАБ што се одржа од 8-ми до 10-ти Април во Вурден, Холандија. На барање на  Претседателот на ЕУРОЛАБ,  г-н Јири Собола, претседателот на МАКЛАБ М-р Магдалена Трајковска Трпевска се обрати пред собранието на ЕУРОЛА при што го презентираше Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ и неговата улога во здружувањето на лабораториите во република Македонија. Во оваа свечена прилика претседателот на ЕУРОЛАБ официјално го потпиша сертификатот за прием на МАКЛАБ во Европското семејство на Национални асоцијации на лаборатории.   

Членството на МАКЛАБ во ЕУРОЛАБ е од исклучително значење за македонските лаборатории и нивниот настап на европскиот пазар, но и генерално за Република Македонија како земја кандидат за членство во Европската Унија.

slika1Slika2Slika3Slika4Slika5Slika6

 

Скопје, декември 2012

 МАКЛАБ организираше еднодневна обука на тема “Одредување на мерна несигурност“

Согласно својата програма за работа во 2012 година Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ организираше еднодневна обука на тема „Одредување на мерна несигурност“. Обуката се одржа во просториите на Тренинг центарот на ИАРМ на 10 декември 2012. Обуката беше организирана со цел на заинтересираните лаборатории и инспекциски тела да им овозможиме да се запознаат со одредувањето мерна несигурност. Обуката беше организирана по принципот на тренинг курс при што учесниците преку предавањата, практичните вежби и размената на искуства стекнаа нови и ги унапредија своите дотогашни познавања поврзани со мерната несигурност

 Предавач на обуката беше м-р Јелена Бебиќ која има повеќегодишно искуство во оддржување тренинзи, меѓу кои има оддржано 13 тренинзи на тема „Принципи и употреба на метерологијата во хемијата“ , потоа тренинг курс на тема „Мерна несигурност“ во Директоратот за мери и драгоцени метали како и тренинг курс на тема „ Мерна несигурност“, со посебен акцент на обработка на статички податоци, пресметки на мерна несигурност и методи за валидација кај лаборатории за калибрирање, во Српската агенција за заштита на природата, при Министерството за животна средина.

 На оваа обука земаа учество учесници од повеќе акредитирани лаборатории и инспекциски тела од различни области што само уште еднаш ни потврди дека ваков тип на обуки се навистина потребни.

DSCN2580 DSCN2563  DSCN2647  DSCN2649  DSCN2662

 

Скопје, октомври 2012

МАКЛАБ организираше дводневна обука на тема “Примена на стандардот
МКС
ENISO/IEC 17020:2006 и запознавање со измените во стандардот
MKC EN ISO/IEC 17020:2012

 Согласно својата програма за работа во 2012 година Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ организираше дводневна обука на тема „Примена на стандардот МКС ENISO/IEC 17020:2006 и запознaвање со измените во стандардот MKC EN ISO/IEC 17020:2012“. Обуката се одржа во просториите на Тренинг центарот на ИАРМ на 30 и 31 октомври 2012. Обуката беше организирана со цел на заинтересираните инспекциски тела да им овозможиме поблиску да се запознаат со стандардот МКС EN ISO/IEC 17020:2006 и измените кои се донесени во стандардот. Обуката беше организирана по принципот на тренинг курс при што учесниците преку предавањата, практичните вежби и размената на искуства стекнаа нови и ги унапредија своите дотогашни познавања поврзани со сите точки во овој стандард и измените кои се досени во стандардот.

Предавачи на обуката беа г-н Трпе Ристовски -директор на ИАРМ, г-н Дејан Стојковски- Раководител на одделението за акредитација на инспекциски тела и г-дин Теодор Шутаров – координатор за акредитација на испекциски тела како најкомпетентни во однос на презентирање на барањата на стандардот 17020.

На оваа обука земаа учество ученици од повеќе акредитирани инспекциски тела од различни области, како и и компании кои допрва сакаат да се акредитираат што само уште еднаш ни потврди дека ваков тип на обуки се навистина потребни.

DSCN1833 DSCN1863 DSCN1913 DSCN1932 DSCN1959 DSCN1984 DSCN2058

 

Шибеник, октомври 2012

МАКЛАБ учесник на конференцијата „Компетентност на лабораториите“

Претставници на Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ присуствуваа на конференцијата на тема „Компетентност на лабораториите“ која се оддржа од 10 до 13 Октомври во Шибеник, Хрватска.
Оваа конференција беше во организација на Хрватското здружение на лаборатории Кролаб, со кое МАКЛАБ има потпишано Меморандум за соработка.

На оваа конференција земаа учество претставници на лаборатории од Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина, а беше присутен и претставникот на Европското здружение на лаборатории, Eurolab, г-дин Јири Собола, со кој претседателката на МАКЛАБ, г-ѓа Магдалена Трајковска Трпевска, оствари средба и разговараше за идна соработка, односно приклучување на МАКЛАБ во здружението Eurolab.

 

Скопје, јули 2012

МАКЛАБ организираше дводневна обука на тема “Примена на стандардот МКС ENISO/IEC 17025:2006 во лабораториите за тестирање и калибрација„

Согласно својата програма за работа во 2012 година Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ организираше дводневна обука на тема „Примена на стандардот МКС ENISO/IEC 17025:2006 во лабораториите за тестирање и калибрација„. Обуката се одржа вопросториите на Тренинг центарот на ИАРМ на 04 и 05 јули 2012. Обуката беше организирана со цел на заинтересираните лаборатории да им овозможиме поблиску да се запознаат со стандардот МКС ENISO/IEC 17025:2006 и неговата примена во лабораториите за тестирање и калибрација. Обуката беше организирана по принципот на тренинг курс при што учесниците преку предавањата, практичните вежби и размената на искуства стекнаа нови и ги унапредија своите дотогашни познавања поврзани со:

- менаџментските барања согласно точка 4 од стандардот и

- техничките барања согласно точка 5 од стандардот.

Предавачи на обуката беа г-н Трпе Ристовски -директор на ИАРМ, г-н Драган Велевски - Раководител на одделението за акредитација на лаборатории за калибрација, г-ѓа Анита Талаја Борота - Раководител на одделение за акредитација на лаборатории за тестирање иг-н Владимир Јаневски - Координатор за акредитација на лаборатории за калибрација како најкомпетентни во однос на презентирање на барањата на стандардот 17025. 

На оваа обука земаа учество ученици од лаборатории за тестирање и калибрација од повеќе области што е врвен показател за интересот во однос на ваков тип на обуки. Учесниците на обуката се здобија со сертификати за успешно учество на оваа обука.


 

Скопје, јуни 2012

Одбележување на денот на акредитација

На покана на Иститутот за акредитација на Република Македонија, Здружението МАКЛАБ се вклучи во одбележувањето на Светскиот ден на акредитација. Свеченоста се одржа на 12.06.2012 во хотел Александар Палас.Претседателот на МАКЛАБ М-р Магдалена Трајковска Трпевска пред присутните претставници на Владата на Република Македонија, Министерството за економија, претставници на ИАРМ делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, претседавачот на Комитетот за мултилатерални договори на Европската организација за акредитација (ЕА-МАC), претставници на Акредитациското тело на Србија, соработници и претставници на телата за оцена на сообразност и новинари го поздрави потпишувањето на договорот за взаемно признавање на резултатите од акредитациите помеѓу ИАРМ и Европската организација за акредитација. Притоа ја  истакна улогата на МАКЛАБ како партнер на ИАРМ во насока на промовирање на акредитацијата во Република Македонија како показател на квалитетот и компетентноста на македонските лаборатории и како предуслов за рамноправен настап на европските и светските пазари со останатите европски лаборатории.

 

Скопје, мај 2012

Годишно собрание на МАКЛАБ за 2012

Годишното собрание на Здружението МАКЛАБ за 2012 година се одржа на 31.05.2012 во просториите на тренинг центарот на ИАРМ. На ова годишно собрание присуствуваа претставници како на членките на здружението така и на потенцијалните членови на МАКЛАБ при што беше усвоен Записникот од работната средба одржана во април 2012,  одлуката за висина на чланарината и беше отворена дискусија во однос на Статутот на МАКЛАБ. Во оваа прилока на присутните претставници на лабораториите членки на МАКЛАБ свечено им беа врачени заверените пристапници.

 

 

Скопје, април 2012

Прва работна средба на МАКЛАБ

На 05.04.2012 година во просториите на Стопанска комора на РМ здружението МАКЛАБ организираше работна средба со цел да ги запознае сите заинтересирани со формирањето на Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ, неговите цели, активности и програмата за работа. На оваа работна средба присуствуваа околу стотина претставници од државните институции, претставници од ИАРМ и ИСРМ, претставници од Високообразовните институции, лаборатории, приватни компании и лаборатории во состав на компаниите со што уште еднаш се потврди потребата од развивање на едно вакво здружение. Во текот на своето излагање, претседателот на МАКЛАБ М-р Магдалена Трајковска Трпевска ги запозна присутните со целите, плановите и програмата за работа на здружението при што ги повика сите заинтересирани да станат членови на здружението и активно да се вклучат во неговата работа. Формирањето на здружението МАКЛАБ беше поздравено од страна на директорот на ИАРМ, д-р Трпе Ристоски кој ја истакна важноста на здружението МАКЛАБ како партнер на ИАРМ во насока на промовирање на акредитацијата и унапредување на квалитетот на лабораториските услуги.

 

Цавтат, Р.Хрватска 2011

Потпишан е меморандум за соработка со КРОЛАБ

Меѓународната конференција “ Компетентност на лабораториите 2011“ што се одржа во Цавтат, Република Хрватска во организација на Хрватското здружение на лаборатории КРОЛАБ, беше одлична можност за промоција на Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ. Претседателот на МАКЛАБ, М-р Магдалена Трајковска Трпевска преку своето поздравно обраќање на собирот ги запозна многубројните присутни со здружението МАКЛАБ, неговите цели и планирани активности со што го промовираше МАКЛАБ а истовремено и нашата држава во кругот на лабораториите од регионот и Европа. Во рамките на оваа конференција, претседателите на МАКЛАБ и КРОЛАБ потпишаа меморандум за заедничка соработка.


Корисни Линкови 

sample image