Изберете јазик 

Временска прогноза 

Посетители 

170778
Денес
Вчера
Оваа недела
Претходната недела
Овој месец
Претходниот месец
Сите денови
16
32
186
169325
989
1645
170778
Your IP: 54.196.72.162
Server Time: 2017-10-19 08:49:08
Грешка
  • Cannot retrive forecast data in module "mod_sp_weather".

Цели и програма

Компетентноста на лабораториите за МАКЛАБ е од исклучителна важност во насока на обезбедување на квалитетни лабораториски услуги од различни области, со цел развој и подигање на стандардите и квалитетот на севкупното живеење.

Здружението МАКЛАБ своето делување го насочува кон остварување на следните цели:

-          Здружување на лабораториите во Република Македонија во интерес на унапредување на квалитетот и компетентноста користејќи заеднички потенцијали,

-          Развој на меѓусебна соработка на лабораториите на основа на заедничките интереси кои водат кон развој и подигање на стандардите и квалитетот на живеење во целина

-          Промоција на ефективно тестирање, калибрација и мерни услуги од лабораториите во РМ за кои точноста и сигурноста во квалитетот се императив

-          Обезбедување на размена на информации и искуства меѓу лабораториите во РМ и заедничко делување пред државните институции, трговските друштва

-          Развивање на можност за организиран настап пред Европските институции и тела од ваков вид (EUROLAB, EURAHEM, ...)

Програмата за работа на Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ вклучува:

-Превземање на активности со кои лабораториите за тестирање и калибрација во РМ ќе ја унапредат својата меѓусебна соработка

- Формирање на регистер на лаборатории

- Соработка со Институтот за акредитација на Република Македонија со цел промовирање на значењето на акредитацијата во лабораториската пракса

- Организирање на обуки поврзани со примена на системи за унапредување со квалитетот на испитувањата, мерењата и лабораториски анализи

- Организирање стручни советувања, семинари, предавања и собири со цел меѓусебно известување, размена на искустваи дружење.

- Учество на меѓународни конференции, обуки и семинари

- Соработка со други организации и здруженија од ваков вид во регионот и пошироко.

 

Корисни Линкови 

sample image