_________________________________

naslovna

Во организација на Македонското здружение на лаборатории и инспекциски тела МАКЛАБ и Институтот за акредитација на Република Македонија, од 14-16 Септември 2017 година, во хотел Силекс во Охрид се одржа Третата меѓународната конференција “Квалитет и компетентност 2017“. Конференција се организираше со цел развој и унапредување на квалитетот и компетентноста на лабораториите и инспекциските тела во Република Македонија и потенцирање на вистинската улога на лабораториите, инспекциските тела и телата за сертификација на домашниот и светскиот пазар на услуги и производи.
 Во име на Македонското здружение на лаборатории и инспекциски тела МАКЛАБ, конференцијата ја поздрави претседателката на МАКЛАБ, м-р Магдалена Трајковска Трпевска.
Конференцијата “КВАЛИТЕТ И КОМПЕТЕНТНОСТ 2017„ со свое обраќање ја поздравија и г-н Трпе Ристоски– директор на ИАРМ, г-н Алваро Силва Рибеиро – претседател на ЕУРОЛАБ и г-н Давор Звиздич –претседател на Хрватската асоцијација на лаборатории – КРОЛАБ.
Официјално, конференцијата “КВАЛИТЕТ И КОМПЕТЕНТНОСТ 2017„ беше прогласена за отворена од страна на заменик министерот за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, г-н Јани Макрадули.
Во текот на конференцијата беа презентирани вкупно 30 исклучително квалитетни авторски трудови од кои 17 преку усни презентации и 13 во рамките на постерската сесија. Работните сесии на конференцијата беа конципирани согласно следните тематски целини:
-    Значењето на акредитацијата за следење на Европските насоки за обезбедување на квалитет и нивно усогласување со законската регулатива на РМ
-    Практични искуства од имплементацијата на системите за квалитет во лабораториите, инспекциските тела и телата за сертификација
-    Испитување, контрола на квалитет и следење на состојбите во животната и работната средина, Испитување на квалитетот и безбедноста на храната  и Примена на системите за квалитет во градежништвото.

Во рамките на конференцијата се одржа и округла маса на националните тела за акредитација од регионот.

Програма на конференцијата

На конференцијата “Квалитет и компетентност 2017“ учествуваа 97 учесници од Р. Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Португалија, Турција и Албанија.

Учесниците на конференцијата покажаа голем интерес во текот на работните сесии на конференцијата вклучително и во текот на регионалната средба на националните тела за акредитација. Од страна на авторите беа презентирани мотивирачки теми и инспиративни искуства кои го задржаа вниманието на учесниците.

Оваа конференција беше заеднички придонес на целокупната инфраструктура за квалитет во насока на промовирањето на квалитетот и потенцирање на  вистинската улога на лабораториите, инспекциските тела и телата за сертификација на домашниот и светскиот пазар на услуги и производи со што се отвараат нови можности за соработка на локално и интернационално ниво.

работа в одессе